Повкусна од таа со спанаќ, сирење или месо: Пита со модри патлиџани

Повкусна од таа со спанаќ, сирење или месо: Пита со модри патлиџани

Направете вкусна пита со модри патлиџани, ќе уживаат во неа и оние кои не се љубители на овој зеленчук.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 3 модри патлиџани
  • 1 главица кромид
  • 2 шолји кисела павлака
  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 150 мл. кисела вода
  • масло, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се лупи модриот патлиџан и се сече на тркала, па се посолува и се остава 30 минути да излезе горчината.
  2. Се цеди се мие со топла вода и се сече потоа на коцки.
  3. Се пржи на масло кромидот ситно сечен, се додаваат модрите патлиџани, се става сол и бибер и се меша. Се остава потоа да се олади.
  4. Посебно се матат јајцата со една кисела павлака и кисела вода, прашок за пециво и малку сол.
  5. Кога  ќе се излади модриот патлиџан се става другата кисела павлака, па во подмачкана тепсија се ставаат по две кори, па фил и така до крај.
  6. Се сечат коцки и се ставаат изматени јајца.
  7. Се пече на 200 степени околу 40 минути.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:10 „убијци“ на вишокот калорииДиетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

 

 

singlepost_text