Ќе ја обожавате: Пастрмка во фолија

Ќе ја обожавате: Пастрмка во фолија

Ви предлагаме за ручек да подготвите пастрмка во фолија. Вкусот е загарантиран!

Состојки:

  • 4 пастрмки
  • 3-4 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • рузмарин
  • босилек
  • млади компирчиња
  • 2 лимони

Начин на подготовка:

  1. Засечете ги пастрмките од секоја страна по 2-3 пати. Ставете ги на парче фолија и залијте со маринада од надвор и од внатре. 
  2. Маринада направете од маслиново масло, лук, сол, бибер, босилек и рузмарин. 
  3. Замотајте ја секоја риба посебно и ставете во врела рерна 20 минути на 200 степени. 
  4. За тоа време младите компирчиња згответе ги потоа посипете со босилек и маслиново масло, па запечете на тава.

Добар апетит!