Велигденска погача со вапцани јајца – Деликатес на трпезата

Велигденска погача со вапцани јајца – Деликатес на трпезата

Направете вкусна велигденска погача.

Состојки:

  • 350 гр. брашно
  • 30 гр. шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица масло
  • 100 гр. маргарин
  • 35 гр. квасец сув
  • 2 дл. млеко
  • 2 јајца
  • 5 варени јајца

Подготовка:

  1. Се мешаат 250 грама брашно со шеќер, сол и квасец.
  2. Се загрева млеко со маргарин и се става во смесата.
  3. Се додаваат и две јајца и останатото брашно и се меша.
  4. Се меси тестото и се остава еден час да нарасне на топло со кесе горе.
  5. Се прават две еднакви топки потоа, се оставаат 10 минути.
  6. Се расукуваат и се делат на три траки, па се прави плетенка.
  7. Се спојуваат во круг, се остава 45 минути вака погачата.
  8. Се пече на загреана рерна на 180 степени 30 минути, а горе може да ставите и сусам.
  9. Декорирајте со офарбани јајца.