Фини едноставни топчиња од пченкарно брашно полнети со сирење

Фини едноставни топчиња од пченкарно брашно полнети со сирење

Едноставни и вкусни топчиња од пченкарно брашно полнети со сирење.

Состојки:

  • 300 гр фино пченкарно брашно
  • 230 мл минерална вода
  • 3-4 лажици масло
  • 100 гр тврдо ароматично сирење
  • 1/2 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете пченкарно брашно. Додајте минерална вода и сол, мешајте да се поврзе, оставете да отстои десетина минути. Исечкајте го сирењето на мали коцки.
  2. Земајте мали парчиња тесто, навлажнувајте ги рацете секој пат, па ставајте парче сирење во секое топче.
  3. Печете во загреана тава со масло од сите страни додека топчињата не добијат фина златна боја.
  4. Сервирајте со сос од домати, кечап и слично.

Добар апетит!