Оброк салата од печурки и пилешко

Оброк салата од печурки и пилешко

Вкусна богата салата која може да замени и оброк.

Состојки:

  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица алкохолен оцет
  • 1 лажица масло од репка
  • 100 гр кисела павлака Пекабела
  • 100 мл јогурт

Останати состојки:

  • 400 гр пилешко месо
  • 1 чешне лук
  • 1 зелена салата
  • 250 гр шампињони
  • 1 лимон
  • 30 гр путер
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечкајте ги и измешајте ги со исечкан лук. За преливот измешајте сенф, оцет, масло, кисела павлака и јогурт. 
  2. На четири чинии распоредете исечкана зелена салата, шампињони и кора од лимон. Зачинете со прелив. Месото испржете го на путер па додајте го во салатата.

Добар апетит!