Полнети лигњи

Полнети лигњи

Ако немате идеја што да подготвите за јадење, овие полнети лигњи се идеален избор.

Состојки:

  • 500 гр лигњи
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 лажица презла
  • мешавина од билни зачини
  • бибер
  • сол
  • 100 мл бело вино
  • 30 гр пршута

Начин на подготовка:

  1. Лигњите исчистете ги, измијте ги и исушете ги. Исечкајте пршута на тенки парчиња, со кои ќе ги полните лигњите. Во секоја ставете по една коцка пршута. 
  2. На загреано маслиново масло од двете страни кратко пропржете ги лигњите, па посипете со презла, посолете и залијте со вино. 
  3. Извадете ги на чинија и прелијте ги со сосот од пржењето. Вака полнетите лигњи можете да ги испечете и на скара.

Добар апетит!