Вкусна риба подготвена по оригинален рецепт.
Состојки:
- филети лосос
- 1 лажица сечкан копар
- 1 лимон
- маслиново масло
- сол
- бибер
- црвена пипер
Начин на подготовка:
- Изрендајте кора од еден лимон. Секое парче лосос зачинете го со сол, бибер, пипер, со малку кора од лимон и половина од сечканиот копар, а потоа налијте сок од лимон.
- Во тавата во која ќе го печете лососот додајте маслиново масло, остатокот од копарот, уште малку кора од лимон и пред да се загрее додајте го лососот.
- Печете на слаб оган околу 20 минути. Нека врвото од лососот остане светол. Извадете од тава и послужете топло.
Добар апетит!