Едноставен колач по стар рецепт кој нема да ве изневери: Колач со јогурт

Едноставен колач по стар рецепт кој нема да ве изневери: Колач со јогурт

Едноставен јогурт колач по стар оригинален рецепт.

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон
  • 2 јаболка

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со шеќер па додајте масло и јогурт. Брашното измешајте го со прашок за печиво. Разматете со смесата од јогурт и јајца. 
  2. Јаболката излупете ги и исечкајте ги на ситни коцки па додајте ги во тесотто. 
  3. Измешајте кора и сок од лимон па ставете во намастена и побрашнета тепсија. Печете во рерна загреана на 200 степени 30 минути.

Уживајте!