Густа крем чорба со тиквици

Густа крем чорба со тиквици

Одлична крем чорба од тиквици…

Состојки:

  • 1 помала млада тиквица
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 компир
  • 2 чешниња лук
  • зачини
  • сол
  • 1/2 л млеко

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид, па додајте сечкан морков, компир, тиквици и лук. Малку налијте со вода и згответе да омекне. 
  2. Кога ќе се зготви оставете да се излади па изблендирајте во блендер. 
  3. Додајте млеко. Вратете на шпорет да зоврие, додајте зачини и сол, како и сечкан магдонос.

Добар апетит!