Меко тесто, овошје и шеќер во прав: Брза пита со вишни мами со аромата

Меко тесто, овошје и шеќер во прав: Брза пита со вишни мами со аромата

Направете сочна пита со вишни која мами и со вкус и со арома.

Состојки:

  • 2,5 шолји брашно
  • 1 шолја растопен маргарин
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 6-7 лажици вода
  • 3 шолји вишни без семки
  • 3 лажици брашно
  • 150 гр. шеќер
  • шеќер во прав за горе

Подготовка:

  1. Се ставаат во блендер брашното со шеќер и сол, маргарин и вода и се матат.
  2. Се меси потоа малку со раце тестото, но не долго.
  3. Се става тестото во проѕирна фолија во лаидлник 20 минути, се вади и дели на два дела, поголем дел за кора, помал за горе.
  4. Се развлекува поголемиот дел од тестото и се става во тепсија за пита округла.
  5. Се мешаат за фил вишните со брашно и шеќер, па се става горе смесата.
  6. Се расукува другиот дел од тестото и се сече на траки кои се редат горе вертикално и хоризонтално.
  7. Се пече 20 минути на 220 степени, па потоа се намалува на 180 степени и се пече уште 40 минути.
  8. Се става шеќер во прав.

singlepost_text