Торта јагода-ванила – Фантастичен вкус и арома

Торта јагода-ванила – Фантастичен вкус и арома

Направете вкусна торта со јагоди.

Состојки:

  • 500 гр. јагоди
  • 400 гр. пишкоти
  • 200 мл. млеко
  • 1 ванилин шеќер

Крем:

  • 200 мл. слатка павлака
  • 600 мл. јогурт
  • 150 гр. маскарпоне
  • 2 ванилин шеќер
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 2 кеси желатин
  • 10 лажици вода

Подготовка:

  1. Се става желатинот во сад со вода и се остава да набабри.
  2. Се мати слатката павлака и се става шеќер во прав и ванилин шеќер, јогурт и маскарпоне, па се убаво се мати.
  3. Се загрева желатинот и се става во кремот.
  4. Се ставаат пишкоти на плех, само од едната страна намокрени во млеко со ванилин шеќер.
  5. Се става пола крем, па се ставаат миени и сечени јагоди, па пак пишкоти од едната страна натопени во млекото, па крем и горе јагоди.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече