Сочен ручек: Шницли од мелено месо

Сочен ручек: Шницли од мелено месо

Направете шницли со мелено месо.

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 1 компир
  • 1 јајце
  • 5-6 лажици брашно
  • 100 мл. вода
  • бибер, сол, мускатно оревче

Подготовка:

  1. Се ренда лупениот компир и се додава меленото месо, се меша и се става јајце, па се меша.
  2. Се рони кришка леб, поточно мекиот дел, се меша во смесата и се меси со раце, со додавање брашно и вода.
  3. Се ставаат зачини.
  4. Се става масло на тава и се вади со лажица од смесата па се пржат шницли.

Добар апетит!