Посни полнети колачиња на кои нема да им одолеете

Посни полнети колачиња на кои нема да им одолеете

Одличен секојдневен десерт кој заслужува место и на свечената трпеза.

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • 1 шолја масло
  • прстофат сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 3 шолји брашно
  • шеќер во прав
  • ореви
  • локум
  • цимет

Начин на подготовка:

  1. Ставете масло и вода во тенџере. Нека зоврие, па тргнете од оган. Додајте прашок за печиво и сол, измешајте и додајте брашно. Брзо мешајте, додека тестото не престане да се лепи за тенџерето.
  2. Кога ќе се излади, направете мали топчиња, така што во секое ќе ставите орев и парче локум, кои претхоно сте ги извалкале во цимет.
  3. Тепсијата обложете ја со хартија за печење и наредете ги колачите. Печете околу 25 минути на 180 степени или додека не добијат златна боја. Штом ги извадите од рерна, извалкајте ги во шеќер во прав.

Уживајте!