Појадок, мезе или вечера: Мини пица од кои домот ќе мириса

Појадок, мезе или вечера: Мини пица од кои домот ќе мириса

Направете брзи мини пици за појадок или вечера.

Состојки:

  • 400 гр. брашно
  • 180 мл. вода млака
  • прстофат сол
  • 1 сув квасец
  • 2 лажици масло

Фил:

  • 1 тегла доматен сос со босилек
  • 300 гр. шунка
  • 200 гр. печурки
  • 150 гр. кашкавал
  • 100 гр. сирење
  • маслинки

Подготовка:

  1. Се сее брашното и се прави вдлабнатина, се става квасец со вода, сол и масло и се меси.
  2. Се остава еден час да нарасне тестото, па се развлекува топката тесто.
  3. Се премачкува кората со сос, се ставаат сечени шунка и печурки, рендани сирење и кашкавал и сечени маслинки во количина по желба.
  4. Се става во подмачкан плех и се пече на 190 степени додека не порумени.
  5. Се сече и имате супер мини пици.

Добар апетит!