Бојадисување јајца во вино – природно виолетови јајца за Велигден

Бојадисување јајца во вино – природно виолетови јајца за Велигден

Природен начин на бојадисување јајца за велигден, се добива убава виолетова боја и ситни светликави кристали кога ќе се исуши.

Состојки:

  • 20 јајца
  • 2 л најевтино црно (црвено) вино

Начин на подготовка:

  1. Јајцата измијте ги и наредете ги во тенџере со студено вино. Виното треба да ги прекрие јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите и мешате з време на варењето. 
  2. Ставете да се готват најдолго 30 минути, тргнете од шпорет и оставете да се изладат. Ако сакате повеќе кристали на лушпата, оставете ги 24 часа во виното. Не премачкувајте со масло бидејќи кристалите ќе исчензнат.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: