Мафини полни јагоди – Цело маало ќе замириса

Мафини полни јагоди – Цело маало ќе замириса

Направете вкусен десерт со јагодите кои сите едвај чекаме да ги вкусиме.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја овошен јогурт
  • 1/2 шолји масло
  • 1,5 шолји брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • јагоди

Подготовка:

  1. Се мијат јагодите и се сечат ситно.
  2. Се става количина по избор.
  3. Се мешаат јајцата со шеќер, па се додава јогурт и масло, брашно и прашок за пециво со ванилин шеќер, па се меша.
  4. Се додаваат и јагодите на крај.
  5. Се става во калап за мафини смесата и се пече на 180 степени додека не поруменат.