Рецепт за почетници: Посна домашна векна леб со пиво (Видео)

Рецепт за почетници: Посна домашна векна леб со пиво (Видео)

Овој леб ќе ви успее иако немате доволно кулинарско искуство.

Состојки:

  • 250 мл млака вода
  • 20 гр квасец
  • 50 мл пиво
  • малку масло
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 600-700 гр брашно

Начин на подготовка:

  1. Растопете го квасецот со шеќер во млака вода, додајте го остатокот од водата, малку масло, пиво, брашно, сол и замесете не многу тврдо тесто. Оставете да одмори на собна температура околу 30 минути. 
  2. Тестото ставете го на побрашнета маса па развлечете го во правоаголник со должина на плехот. Свиткајте и векната ставете ја во плехот кој сте го намастиле. 
  3. Лебот оставете го повторно да одмара па печете на 200 степени 40 минути. Кога сосема ќе се излади исечете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: