Јагнешко со спанаќ

Јагнешко со спанаќ

Вкусен ручек од јагнешко месо со спанаќ.

Состојки:

  • 1 кг јагнешко месо
  • 2 кг спанаќ
  • 1,5 лажица брашно
  • 1/2 главица кромид
  • малку црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Згответе го јагнешкото. Во текот на готвењето посолете, додајте бибер и зачин. 
  2. Спанаќот згответе го во солена врела вода. Кога месото ќе биде зготвено колку да се одвојува од коските, додајте измиен, исцеден и исечкан спанаќ. 
  3. Пропржете го сечканиот кромид, а потоа и брашното на масло, додајте малку црвена пипер, измешајте, а потоа со тоа прелијте го јагнешкото. Измешајте и оставете го јадењето уште малку да се готви со запршка на слаб оган.

Добар апетит!

singlepost_text