ВИДЕО: Направете Велигденска корпа од тесто – Состојките ги имате дома

ВИДЕО: Направете Велигденска корпа од тесто – Состојките ги имате дома

Направете плетена кошница за Велигден од тесто, брзо и лесно со состојки кои ги имаме дома.

Состојки:

  • 900 гр. брашно
  • 2 дл. вода
  • 2,5 дл. млако млеко
  • 3 лажици масло
  • 40 гр. квасец
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 2 јајца за премачкување

+ чепкалки, фолија, калап за куглоф, нож, тепсија, хартија за печење и оклагија

Подготовка:

  1. Се меси тесто и се остава половина час, па се премесува и расукува.
  2. Се сечат траки и се плетат околу сад со фолија.
  3. Се премачкува со јајцата и се пече на 200 степени додека не порумени.
  4. Од остатокот на тестото се прави рачка со три тракикои се плетат како плетенка за коса.
  5. Се е прикажано детално на видеото.