Ќе замириса се од рерната: Мини погачи со сирење

Ќе замириса се од рерната: Мини погачи со сирење

Направете вкусни погачи со сирење кои се мини задоволство во кујната.

Состојки:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 лажиче сода
  • 3 шолји брашно
  • 2 шолји сирење ситнето
  • маргарин

Подготовка:

  1. Се меша се освен маргаринот во вангла, па се замесува тесто.
  2. Се премачкува тестото со масло и се вадат топчиња.
  3. Се сплеснуваат малку на плех со хартија и се става маргарин горе и сусам по избор, па се печат на 180 степени додека не поруменат.

Добар апетит!