Лесен оброк: Крем супа со свежи печурки

Лесен оброк: Крем супа со свежи печурки

Денешната препорака е нешто полесно јадење. Сочна крем супа од печурки.

Состојки:

  • 150 гр шитаке печурки
  • 100 гр шампињони
  • 50 гр путер
  • 2 главици сечкан црвен кромид
  • 15 гр брашно
  • 200 мл вода во која е разматена коцка за супа
  • 250 мл павлака за готвење
  • малку зачин
  • прстофат сол и бибер
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер во големо тенџере, на средна температура. Динстајте ги кромидот и печурките десетина минути, додека не омекнат. Лесно додајте брашно и мешајте додека не добиете глатка смеса.
  2. Постепено додајте и вода со разматена коцка за супа и повремено мешајте. Кога супата ќе згусне, додајте павлака за готвење, па потоа зачинете со сол и бибер. Сервирајте ја супата топла, со додаток трошки печен леб.

Добар апетит!