Бабин колач кој останува мек и вкусен и по неколку дена

Бабин колач кој останува мек и вкусен и по неколку дена

Ви донесуваме најдобар рецепт за галети или бабин колач.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 300 мл масло
  • 300 гр шеќер
  • кора од 1 лимон
  • 250 мл млеко
  • 600 гр брашно
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Измешајте јајца и шеќер со миксер, лесно додавајте ги останатите состојки за галети, па сѐ соединете. 
  2. Кога калапот за галети доволно ќе се загрее, лесно намастете го, потоа вадете од смесата со лажица и ставајте на загреаниот калап, 2-3 лажици од смесата. Печете ги галетите додека не поруменат. 
  3. Готовите галети треба веднаш да ги извадите од калапот.

Уживајте!

 

 

 

singlepost_text