Пудинг од чиа семки со јагоди

Пудинг од чиа семки со јагоди

Здрав десерт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 шолја јагоди
  • 1 шолја билно млеко
  • 1/4 шолја чиа семки
  • 3 лажици шеќер (или друг засладувач)
  • прстофат чиа семки или неколку сечкани бадеми (за декорација)

Начин на подготовка:

  1. Сомелете чиа семки и оставете ги на страна. Јагодите, засладувачот и билното млеко ставете ги во блендер и добро измешајте. Во таа смеса додајте мелени чиа семки и добро измешајте. 
  2. Смесата излејте ја во садови за послужување и оставете во фрижидер на 2-3 часа. 
  3. Декорирајте со јагоди, чиа семки или сечкани бадеми.

Уживајте!