Босански бурек од готови кори: Од сега само вака ќе го правите (Видео)

Босански бурек од готови кори: Од сега само вака ќе го правите (Видео)

Еве еден сјаен рецепт за вкусен босански бурек од готови кори.

Состојки:

  • 500 гр тенки кори
  • 30 гр квасец
  • 250 мл млеко
  • 6 лажици брашно
  • 100 мл масло
  • 200 гр сирење
  • 200 гр кисело млеко

Начин на подготовка:

  1. Сирењето издробете го, додајте кисело млеко. Квасецот потопете го во млеко, па додајте масло и брашно и добро изедначете. Раширете една кора на маса, па до неа додајте уште една.
    Корите со четка намачкајте ги со млеко, брашно и квасец, а издробеното сирење наредете го на дното од корите. Малку свиткајте ги страните па свиткајте во тенка ролна. Малку премачкајте со масло и свиткајте во круг. 
  2. Плехот намастете го со масло и ставете ја ролната во плех. Така правете додека не го потрошите материјалот. 
  3. Вклучете ја рерната на 200 степени и печете околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: