Похована зелка во бешамел сос: Ручек за целото семејство

Похована зелка во бешамел сос: Ручек за целото семејство

Баба Јелена повторно не изненади со прекрасен и необичен рецепт. Ова е нејзиниот предлог за вкусен ручек.

Состојки:

  • 1 главица свежа зелка
  • 3 јајца
  • презла
  • брашно
  • масло
  • сол
  • 3 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете вода и посолете. Гответе ја зелката 10-15 минути па извадете ја и исцедете, па оставете да се излади. Јајцата разматете ги и посолете ги. Зелакта исечкајте ја на осмини па секој дел извалкајте го во брашно, јајца и презла и редете во намастен плех. Малку намастете од горе. Печете 30 минути на 200 степени Целзиусови.

     

  2. Во тава ставете околу 50 мл масло, додајте полна лажица брашно па испржете, додајте издробен лук па и него малку пропржете го. Додајте млеко или вода, сол и бибер и мешајте сосот да биде поредок.

     

  3. Извадете ја зелката од рерна па додајте сос и вратете во рерна да крчка уште 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text