Посни ситни колачи: Марципан со ореви

Посни ситни колачи: Марципан со ореви

Никој нема да знае дека ова се посни колачи!

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 350 гр шеќер
  • 160 гр ореви
  • 160 гр посни бисквити
  • 150 гр посен маргарин
  • малку екстракт од рум

Состојки за фондан:

  • 250 гр шеќер во прав
  • 4 лажици врела вода
  • 1 лажица масло
  • 1 лажичка сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете шеќер, додајте вода па кога ќе зоврие додајте сечкан маргарин. Оревите и бисквитите сомелете ги па додајте ги во тенџерето. Додајте и неколку капки рум. Сè добро измешајте и разлејте во плех кој сте го обложиле со хартија за печење и израмнете. Оставете на ладно место околу 2 часа.
  2. Во длабоко тенџере ставете шеќер во прав и додајте вода и мешајте, па додајте сок од лимон и масло. Разлејте преку изладениот колач и израмнете.
  3. Оставете еден ден за глазурата да се исуши и да стегне. Сечете на парчиња и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ