Мини пити со кисела вода – Внатре меки горе кората крцка

Мини пити со кисела вода – Внатре меки горе кората крцка

Направете мини пити со кисела вода.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • ½ лажички сода
  • 200 гр. сирење
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја минерална вода
  • 1 шолја млеко
  • семки за горе

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со млеко и минерална вода, па се кинат корите и се ставаат внатре.
  2. Се додава масло и ронето сирење, брашно и сода.
  3. Се меша и се полнат калапи за мафини, горе се ставаат семки.
  4. Се печат на загреана рерна на 180 степени додека не добијат златна боја.

Добар апетит!