Брз ручек со незаборавен вкус: Шпагети со риба во доматен сос

Брз ручек со незаборавен вкус: Шпагети со риба во доматен сос

Направете шпагети на медитерански начин и уживајте во богатата комбинација од риба и домати.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица пасирани домати
  • 3 свежи домати
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажичка оригано
  • 8 филети бела риба (може и од конзерва)
  • 3 лажици пармезан
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Во поголема тава загрејте масло, додајте кромид и лук, па лесно пржете додека кромидот не пожолти. Додајте домати, пасирани домати, ловор и оригано. 
  2. Добро измешајте и лесно гответе околу 20 минути или додека не добиете густ сос. Додајте сечкани солени филети риба и гответе 2-3 минути. 
  3. Додајте пармезан, сол, бибер и шеќер, па добро измешајте. Готовиот сос прелијте го преку зготвените шпагети.

Добар апетит!

singlepost_text