Згужвана пита со кисела вода – Нема трошење многу пари и месење

Згужвана пита со кисела вода – Нема трошење многу пари и месење

Направете брза и лесна згужвана пита со кисела вода.

Состојки:

  • 400 гр. кори за пита
  • 4 јајца
  • 60 гр. маргарин
  • 60 мл. масло
  • 250 гр. сирење
  • 250 мл. кисела вода

Подготовка:

  1. Се спрема прво филот со изматени јајца и растопен маргарин, со масло.
  2. Се меша и се додава ронето сирење и пола минерална вода.
  3. Се редат во подмачкан плех кори, една до друга, откако ќе ги згужвате како лепеза. Се става пола од филот горе.
  4. Се стават пак исто останатите кори и фил.
  5. Се прелива горе питата со останатата минерална вода и се става да се пече на 200 степени додека не порумени.
  6. Се прска кога ќе се извади со газирана вода и се остава да омекне.

Добар апетит!