Ќофтиња со минерална вода – Совршени за со компир

Ќофтиња со минерална вода – Совршени за со компир

Направете вкусни ќофтиња со кисела вода.

Состојки:

  • 1 кг. телешко мелено месо
  • 5-6 кришки бајат леб
  • 2 јајца
  • 2 мали шолји минерална вода
  • 1 лажиче сода
  • 2 главици кромид
  • бибер и сол

Подготовка:

  1. Се меша меленото месо со изронетите кришки леб,  јајца и минерална вода, сода, бибер и сол.
  2. Се сече кромидот ситно и се додава.
  3. Се меша и се остава 5-6 часа.
  4. Се загрева масло на тава и се вадат мали топчиња, малку се сплескуваат како ќофтенца и се пржат од сите страни.

singlepost_text