Затворени пита пици – Ќе мириса цело маало

Затворени пита пици – Ќе мириса цело маало

Направете вкусна затворена пита-пица.

Состојки:

  • 4 кори за пита
  • масло за мачкање
  • 2 кисели краставички
  • 2 виршли
  • 4 листа кашкавал
  • сусам
  • 4 лажици лутеница

Подготовка:

  1. Се отвараат корите на работна маса, се сечат на половина, едната хоризонтално, друга вертикално по средина.
  2. Се добиваат 4 квадрати.
  3. Се премачкуваат со масло, се става на секој квадрат лажица лутеница, парче виршла, кисели краставички ситно сечени и кашкавал горе.
  4. Се прави пакет затварајќи ги корите, се редат на плех со хартија и се става сусам горе.
  5. Се става и масло горе.
  6. Се печат на 200 степени 25 минути.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text