Полнета млада зелка: Богат посен ручек од зеленчук (Видео)

Полнета млада зелка: Богат посен ручек од зеленчук (Видео)

Ќе бидете сити и презадоволни од вкусот на ова јадење.

Состојки:

  • 1 главица млада зелка
  • 1 морков
  • 1 праз
  • 1 компир
  • мешан зеленчук
  • 1 лажица ајвар
  • масло
  • бибер
  • 3 чешниња лук
  • мелена пиперка
  • 1 шолја зготвени домати
  • 1 лажичка брашно

Начин на подготовка:

  1. Отсечете го врвот на зелката и извадете ја средината. На масло пропржете сечкан праз, додајте морков и сечкан зеленчук и сè убаво издинстајте додека не омекне. Додајте сечкан компир, сечкан лук и сечкан магдонос. 
  2. Додајте лажица ајвар, зачин, бибер, сол и сè добро измешајте. Со оваа смеса наполнете ја зелката и поклопете со делот кој сте го отсекле претходно. 
  3. Налијте со вода и гответе околу 30 минути. На масло пропржете брашно, додајте малку мелена пиперка и готвени домати и со тоа прелијте ја зелката. Додајте уште малку сол ако е потребно и сечкан магдонос. 
  4. Гответе уште минута-две и полнетата зелка е готова.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text