Направете сами: Домашен еурокрем по супер рецепт

Направете сами: Домашен еурокрем по супер рецепт

Доколку сакате слатко, а не сакате да купувате намази, овој крем е совршен за вас.

Состојки:

  • 150 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр путер
  • 200 гр млеко во прав
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Сè заедно загрејте додека шеќерот не се растопи. Додајте бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Штом зоврие тргнете од шпорет и оставете да се излади.
  2. Во тоа измешајте путер и млеко во прав. Добро измешајте па поделете на два дела. На пареа растопете чоколадо, па додајте во еден дел, а другиот дел оставете го да биде бел.
  3. Во теглата со лажица додавајте темна и бела смеса или во исто време ставете ги двете смеси, па затворете ја теглата.

Уживајте!

singlepost_text