Запечена турска зелка – најдобар ручек кој ќе го пробате

Запечена турска зелка – најдобар ручек кој ќе го пробате

Ако постите, почекајте да помине Велигден, бидејќи ова јадење нема посна варијанта.

Состојки:

  • 1 главица свежа зелка
  • 1 главица кромид
  • 500 гр мелено јуншеко месо
  • 400 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пржете го во тенџере на загреано масло. Кога кромидот ќе омекне, во тенџерето додајте мелено месо. 
  2. Во посебен сад разматете јајца, додајте мешавина од зачини, посолете, побиберете, мешајте со жица за матење и постепено додавајте јогурт. Кога месото ќе се испржи, во тенџерето додајте сечкана зелка. 
  3. Кога зелката ќе омекне, тргнете од шпорет. Огноотпорен сад намастете со масло, па во него префрлете ја смесата со зелка и прелијте со мешавина од јајца. 
  4. Запечете 15 минути во рерна загреана на 190 степени.

Добар апетит!

singlepost_text