Пита со зеленчук

Пита со зеленчук

Брза и вкусна пита со зеленчук.

Состојки:

  • 300 гр замрзната боранија
  • 3 лажици масло
  • 100 гр кромид
  • 1 свежа црвена пиперка
  • 300 гр тиквици
  • 3 лажици зачин
  • 2 чешниња лук
  • 1 пакување лиснато тесто
  • 3 јајца
  • 200 мл павлака Пекабела
  • 100 гр фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Боранијата ставете ја во врела солена вода, кратко згответе и исцедете. На масло кратко пропржете кромид и пиперки. Додајте тиквици, две лажици зачин и заедно гответе околу 10 минути. На крај измешајте подготвена боранија, лук, па изладете го зеленчукот. 
  2. Развлечете лиснато тесто и ставете во кружен калап со големина од 26 см. На тестото ставете зеленчук, прелијте со разматени јајца и павлака, лажица зачин, па посипете со рендано сирење. Печете во загреана рерна на 210 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

singlepost_text