Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек!
Состојки:
- 1 шолја од 200 мл ориз
- 2+2 лажици брашно
- бибер
- сол
- масло
- 2 лажици суви печурки
Начин на подготовка:
- Оризот исчистете го, измијте го, згответе, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).
- Во тенџере ставете масло, добро загрејте го, па паржете ги подготвените шницли.
- Печурките добро измијте ги и згответе ги во солена вода. Исечкајте ги на тенки парчиња, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.
- Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.
- Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек.
Добар апетит!