Зелениот чај помага во топењето на масните наслаги

Зелениот чај помага во топењето на масните наслаги

Зелениот чај повторно е во центарот на вниманието. Освен што изобилува со антиоксиданси, се најде и на листата „производи за слабеење“.

Поради своите прехранбени и антиоксидантски вредности, на зелениот чај му се препишуваат многу здравствени предности, вклучувајќи и губење тежина. Се користи одамна во традиционалната кинеска медицина за лечење разни здравствени состојби.

Зелениот чај поттикнува слабеење забрзувајќи го метаболизмот. Содржи катехински флавониоид, кој е антиоксиданс и го поттикнува метаболизмот. Студијата објавена во 2010 година открила дека додатоците во зелениот чај кои содржат кофеин или катехини имаат мал, но позитивен ефект на програмите за слабеење.

Редовното вежбање и консумирање здрава храна со многу овошје и зеленчук се најделотворна стратегија за слабеење, но со зелен чај резултатите ќе бидат уште поделотврони.

Како би ослабнале со помош на зелен чај, потребно е да пиете две до три шолји од тој напиток во текот на денот, покажале истражувањата на Медицинскиот центар на Универзитетот Мериленд.

Пијте чај после оброк во утринските и вечерните часови. Ако имате проблем со несоница, не пијте чај пред да легнете, туку порано.