Пилешко со сусам

Пилешко со сусам

Вкусно пилешко кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 800 гр филети пилешки гради
  • сок од лимон
  • 2 лажици соја сос
  • сув зачин
  • масло

Состојки за панирање:

  • 2-3 јајца
  • 300 гр сусам
  • 2 лажици презла
  • брашно
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на крупни ленти. Прокапете ги со сок од лимон и соја сос и посипете со сув зачин. Извалкајте ги во брашно, потоа потопете ги во разматени, малку посолени и побиберени јајца, па извалкајте ги во мешавина од сусам и презла. 
  2. Пржете на врело масло додека не попримат златножолта боја. Извадете ги на хартиена салфета да се исцедат од маснотии и послужете.

Добар апетит!

singlepost_text