Ќофтиња во сос од 4 вида лук – Горе крчка павлака

Ќофтиња во сос од 4 вида лук – Горе крчка павлака

Направете вкусни ќофтиња во сос од четири вида лук.

Состојки:

  • 300 гр. мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 кришка бајат леб
  • ½ главици кромид
  • 2 чешни лук
  • 3 лажици масло
  • сол, вегета и бибер

Сос:

  • 3 главици кромид
  • 2 главици црвен кромид
  • 5 чешни лук
  • ½ струка праз
  • 2 моркови
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 лажица магдонос

Подготовка:

  1. Се меша меленото месо со сите зачини, сечени кромид и лук, јајце и ронета кришка леб која ќе ја натопите во малку вода.
  2. Се меша се убаво и се прават ќофтенца.
  3. Се пржат на загреано масло.
  4. Се ставаат на хартија да се исцедат.
  5. Се сечат кромидот со црвениот кромид, празот и лукот за сос. Се сече и лупениот морков и се додаваат во маста во која сме ги пржеле ќофтињата.
  6. Се додаваат зачини и се динста 3-4 минути, па се додава брашно, се става малку вода и се динста 10 минути.
  7. Се додаваат ќофтињата, ако е потребно ставете уште вода.
  8. Се остава 10 минути да се динста и се додава на крај и киселата павлака со магдонос, се меша се соединува и се служи топло.

singlepost_text