Посен колач од малини: Брз и едноставен (Видео)

Посен колач од малини: Брз и едноставен (Видео)

Брз и едноставен колач од малини – неодолив десерт за деновите на пост…

Состојки:

  • 2 чаши брашно (чаша од 200 мл)
  • 2 чаши гриз
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 900 гр малини или овошје по избор

Начин на подготовка:

  1. Испасирајте ги малините и половина од шеќерот и оставете на страна. 
  2. Измешајте брашно, гриз и остатокот од шеќерот со прашок за печиво и ванилин шеќер па соединете. Поделете ја смесата на 3 еднакви делови. 
  3. Плехот намастете го со масло, па на дното ставете го првиот дел од сувите состојки па убаво распоредете. Додајте половина од малините па распоредете. 
  4. Ставете ја другата половина од сувата смеса, па малини и повторно суви состојки. 
  5. Ставете да се пече 40 минути па засилете ја температурата на 200 степени и печете уште 20 минути. 
  6. Колачот е готов кога ќе добие светло браун боја. Извадете го од рерна, покријте со крпа и оставете да се излади. Пред послужување посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Домашни рецепти“: