Домашен крем за лице со магдонос – Нема акни, дамки и брчки

Домашен крем за лице со магдонос – Нема акни, дамки и брчки

Направете си домашна крема од магдонос која е хранлива и здрава за кожата и полна витамини и минерали.

Ќе ви помогне за здрава и негувана кожа, да немате дамки и да имате рамномерен тен.

Ви требаат 2 лажици сечен магдонос, 1 лажиче сок од лимон и 200 милилитри вода.

Се става магдоносот во вода и се вари 15 минути на тивок оган, па се вади од оган и се лади, се процедува и се става лимонов сок.

Се става во стаклено шише и се држи во ладилник 5-6 дена.

Се користи наутро и навечер за најдобри резултати.