Домашен леб готов за половина час

Домашен леб готов за половина час

За кратко време подгответе вкусен домашен леб…

Состојки:

  • 3 шолји брашно
  • 1 шолја млака вода
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 квасец

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки измешајте ги добро со миксер. Ставете на намастен лим. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. 
  2. Оставете го лебот да отстои 15 минути. Ставете во загреана рерна и печете 30 минути. Печениот леб замотајте го во влажна крпа.

Добар апетит!

singlepost_text