Тестенини со туна идеални за брз ручек: Посно јадење полно со омега 3

Тестенини со туна идеални за брз ручек: Посно јадење полно со омега 3

Обварете ги омилените тестенини, земете праз, готвен домат, конзерва туна и оброкот е подготвен!

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 1/2 праз
  • маслиново масло
  • 100 мл варени домати
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • 1 конзерва туна

Начин на подготовка:

  1. Зготвените тестенини исцедете ги. На масло пропржете праз убаво да омекне, додајте зачин, сол, бибер, варени домати и оставете да крчка додека не испари течноста. 
  2. На крај додајте туна па и неа малку издинстајте ја. Ставете го сосот преку тестенините и уживајте во секој залак.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text