Ручек од две состојки – Аромата мами од рерна

Ручек од две состојки – Аромата мами од рерна

Направете вкусни компири со лук.

Состојки:

  • 800 гр. компир
  • 2 чешни лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 гранки рузмарин
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Компирот се мие и лупи, се преполовува по должина и се реди на плех со хартија.
  2. Се ренда лукот, се става малку сол и се меша со маслиново масло, па се става ситнет рузмарин.
  3. Се става врз компирот оваа смеса и се пече на 180 степени половина час.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text