Посно, без зејтин: Пиперки полнети со печурки

Посно, без зејтин: Пиперки полнети со печурки

Совршен ручек за време на пост…

Состојки:

  • 8 пиперки
  • 200 гр буковки
  • 500 гр пченица
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр домати
  • 300 гр праз
  • 1/2 лажичка слатка пипер
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте праз и буковки, а доматите исечкајте ги на коцки. Издинстајте лук и слатка пипер, па додајте претходно зготвено и сомелено жито. 
  2. Додајте зачини по вкус, малку босилек и со подготвената смеса наполнете ги пиперките. 
  3. Наредете ги во плех за печење, прекријте со фолија и печете 30 минути на 180 степени.

Добар апетит!

singlepost_text