Совршени плескавици со бело сирење

Совршени плескавици со бело сирење

Вкусно јадење од мелено месо…

Состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 150 гр мелени овесни снегулки
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • бело сирење

Начин на подготовка:

  1. Во месото додајте снегулки, магдонос, сол и бибер. Добро измешајте ги состојките и оставете околу десет минути за снегулките да се соединат со месото. 
  2. Земајте од месото, обликувајте плескавици, на средина додајте по лажица сирење, преклопете и со прсти стиснете ги рабовите. 
  3. Пржете на врела маст со внимателно превртување неколку пати. Послужете ги топли со прилог по желба.

Добар апетит!

singlepost_text