Сочни гриз коцки

Сочни гриз коцки

Доколку вашите домашни сакаат едноставни и вкусни колачи, овој рецепт е идеален за вас.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша мелени ореви
  • 1 чаша брашно
  • 250 гр гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 500 гр шеќер за сируп
  • 6 дл вода за сируп
  • 2 кесички шлаг од ванила за украсување
  • мелени ореви за украсување

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте масло, млеко, мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво. Масата добро разматете ја и ставете во калап со големина 20х35 см претходно намастен и посипен со брашно. Печете на 180 степени 30 минути. 
  2. За тоа време направете сируп. Во сад ставете шеќер и вода да врие 2-3 минути откако ќе зоврие. Со топлиот сируп прелијте го печениот колач и оставете да се излади. 
  3. Шлагот разматете го по упатство на кесичката и премачкајте го колачот, па посипете со мелени ореви.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

 

 

singlepost_text