Посна пита со печурки – Рецепт без масло

Посна пита со печурки – Рецепт без масло

Направете посна пита на вода, без масло, која е брза и навистина посебна.

Состојки:

  • 1 пакување шампињони
  • ½ главици кромид
  • ¼ праз
  • 1 шолја доматно пире
  • 1 пакување кори за пита посни
  • сол, бибер, оригано, вегета
  • вода

Подготовка:

  1. Се сече кромидот, празот и печурките, се става во тефлонска тава шолја доматно пире и се става на него кромидот, празот и печурките и се динста со зачини.
  2. Се сечат корите на 3 долги траки.
  3. Се редат една на друга и се премачкуваат измеѓу со вода и малку доматно пире.
  4. Се премачкува третата кора со смесата и се прави триаголник.
  5. Се редат на хартија за печење и се печат на 200 степени додека не поруменат.
  6. Потоа се ладат со влажна крпа горе да омекнат.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text