Сочен десерт: Пита со вишни и цимет

Сочен десерт: Пита со вишни и цимет

Овој десерт е совршен предлог да се засладите после ручек…

Состојки:

  • 9 кори за пита
  • 300 гр вишни
  • 1/2 мала шолја гриз
  • 1/2 мала шолја масло
  • 1/2 мала шолја шеќер
  • 1/2 мала шолја јогурт
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Подгответе фил за премачкување на корите така што ќе разматите јајца, шеќер, гриз, масло, јогурт и прашок за печиво, а потоа ќе додадете и цимет. Во зависност од тоа колку кори имате, толку ќе имате и ролни. 
  2. Одвојте по четири кори или по пет за една ролна, па на секоја намачкајте фил, а на последната прво фил, па вишни. 
  3. Свиткајте и печете на 200 степени додека убаво не поруменат. Оставете да се изладат. 
  4. Потоа направете прелив од 2 чаши вода и 2 чаши шеќер и прелијте преку питата.

Уживајте!