Најздравиот додаток во јадењето: Домашен зачин од вашата кујна

Најздравиот додаток во јадењето: Домашен зачин од вашата кујна

Многумина советуваат да во јадењата не се ставаат никакви готови зачини, бидејќи често содржат големи количини вештачки адитиви, ароми и бои.

Сепак, јадењата не се исто вкусни ако во нив не додадете мешавина од зачини. Сепак, најздравата и највкусна варијанта е токму онаа која ќе ја направите сами во својата кујна.

Состојки:

  • 2 кг пиперки
  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг корен магдонос
  • 1/2 кг кромид
  • 1 корен од целер со средна големина
  • 1 поголем корен пашканат
  • 750 гр сол
  • 750 гр масло

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го и исчистете го. Сомелете го на машина за месо или во блендер. Во масата додајте сол и масло па добро измешајте. 
  2. Од оваа маса се добиваат 5 тегли зачин. Оставете го на ладно место до употреба. Нема потреба да додавате никаков конзерванс, бидејќи солта и маслото добро конзервираат.

singlepost_text